Кузмановски има истегнати лигаменти, не се знае колку ќе паузира

Бекот на македонската репрезентација, Филип Кузмановски, има повреда на лигаментите на левата на ногата. Засега не се знае колку ќе треба да паузира за санирање на повредата.

„Направив прегледи веднаш по враќањето од Унгарија, се покажа дека имам истегнати лигаменти на ногата. Разговарав и со медицинскиот тим во Хановер, таму ќе ми бидат направени дополнителни комплетни прегледи и тогаш ќе се знае колку ќе треба да паузирам“ – вели Филип Кузмановски.

Тој се повреди на почетокот од вчерашнот натпревар на македонската репрезентација против Данска во Дебрецин, во рамките на последното коло од А групата на ЕП 2022 и по укажаната помош остана надвор од терен.