Кузмановски дебитираше за Хановер, ја наполни мрежата на некогашниот европски првак

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска го имаше дебито за тимот на Хановер.

Новата екипа на левиот бек славеше над некогашниот европски првак Хамбург со убедливи 15 голови разлика, 42-27, а Кузмановски беше меѓу најдобрите на теренот со осум гола.

Хановер требаше да игра и со Мелсунген, но тој дуел беше одложен поради коронавирусот кај ривалот.

Досега се договорени уште три средби до стартот на Бундес лигата против Либек Швартау, Магдебург и уште една против Хамбург.