Кудуз: Ми одговара играта на Вардар, одиме да го освоиме турнирот

Вардар супериорно го започна турнирот во Струга и без проблеми го совлада домаќинот со 39:26.

На овој натпревар во составот беа сите засилувања со исклучот на Гурбиндо. Хрватот Анте Кудуз беше прв стрелец со седум гола, а после натпреварот го коментираше изданието и дуелот.

„Влеговме во ракометниот дел од подготовките, ова ни беше втор натпревар во сосема различен состав. Широкиот ростер кој го имаме може да ни донесе многу позитивни работи, се запознавеме сè повеќе секој ден и верувам дека ќе биде само подобро. Не сме сè уште комплетни бидејќи го чекаме Гурбиндо, сите го знаат тоа и кога тој ќе пристигне тоа ќе биде уште еден плус за нас и само ќе напредуваме. Секако дека сакавме да победиме и да го освоиме пехарот во Супер купот, но им честитам на ракометарите на Еурофарм Пелистер. Можеби проблемот беше во ротацијата не сум баш запознаен со правилата за странци, но што е тука е одиме понатаму да го освоиме овој турнир. Ми одговара играта на Вардар, моето мислење е дека се снајдов многу добро. Многу разговарам со соиграчите, ми веруваат, му веруваат на мојот шут. Мојот квалитет е што можам да одвлечам еден или два играчи и така да му помогнам на мојот тим Вардар“, изјави Кудуз за 24Ракомет.

Во второто коло протовник на Вардар ќе му биде уште еден ривал од Супер лигата, а тоа е составот на Бутел Скопје. Овој дуел се игра во сабота со почеток во 21 часот.