Крстевски и Фочани до убедлив триумф над Александрија

Македонскиот интернационалец Горан Крстевски кој настапува во првенството на Ромоанија во екипата на Фочани славеше победа со својот тим на гостувањето кај Александрија со 24:31.

Крстевски имаше солиден натпревар и добар придонес за победата на својот тим. Тој беше стелец на четири погодоци и беше трет стрелец во екипата на Фочани, додека најефикасен беше Рата со шест гола.

Фочани беше доминантен на овој натпревар, имаше постојано водство уште од почетокот на мечот. На полуврме тимот на Крстевски имаше три гола водство од 13:16, а во продолжението само ја потврди победата.

Крстевски и Фочани остануваат на 6. место на првенствената табела на Романија со 38 бода после одиграни 22 кола. Во следното коло ќе гостуваат кај Констанца која е едно место пред нив на табелата.