Крстевски и Тренчевски му донесоа победа на ПИФ

Тимот на Паргас ИФ каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Илија Крстевски и Александар Тренчевски, славеше победа во второто коло од плеј-аут лигата на Финска.

Паргас ИФ беше подобар на домашен терен од составот на ХИФК Хелсинки со убедливи 32-27, иако по првиот дел беше само нерешено, 13-13.

Кружниот напаѓач Тренчевски беше стрелец на пет погодоци, додека десното крило Крстевски даде четири гола.

Во Финска има интересен систем, па првите две екипи од плеј-аутот по шест кола обезбедуваат четвртфинале во плеј-офот, додека последните две завршуваат со натпреварите и обезбеден опстанок.