Крим ги собира екс вардарките, пристигнува и Лазовиќ

Поранешната ракометарка на Вардар, Барбара Лазовиќ, во следната сезона ќе настапува во нејзиниот матичен клуб, Крим Меркатор. Лазовиќ во редовите на словенечкиот шампион ќе пристигне од екипата на ЧСМ Букурешт каде што настапуваше три сезони.

Искусната ракометарка од Словенија е најновото засилување во клубот од Љубљана, кој за наредната сезона ангажираше уште една екс ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ.

Покрај Лазовиќ и Радичевиќ, во клубот ќе пристигнат и Матеа Плетикосиќ од Будуќност, соиграчката на Радичевиќ од Кастамону, Сара Коварова, и репрезентативката на Полска и членка на француски Бензансон, Александра Росиак.

За потсетување, моментално, во екипата на Крим настапуваат уште две поранешни ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Алисон Пино, а до крајот на минатата година, дресот на Крим го носеше и Драгана Цвијиќ. Лекиќ на крајот од сезоната ќе го напушти Крим и ќе се пресели во Ференцварош, додека Пино најверојатно ќе остане во клубот.

Лазовиќ во редовите на Вардар мина четири сезони, од 2014/15, па сѐ до 2017/18. Од Вардар се пресели во поранешниот европски шампион, ЧСМ Букурешт, потоа во текот на 2019 година направи трансфер во Будуќност каде по една сезона повторно се врати во редовите на ЧСМ Букурешт.