КРАЈ НА БУНДЕС ЛИГАТА: Кил прогласен за шампион, се спасија Лудвигсхафен и Томовски!

Клубовите од Германија, од двете Бундес лиги, гласааа за прекин на натпреварувањата поради коронавирусот.

Шампионот стана Кил, кој од почетокот на лигата беше на врвот на табелата и ќе игра директно во Лигата на шампионите. Фленсбург исто така добива шанса за елитната конкуренција, додека во Лигата на Европа ќе играат Магдебург, Хановер и Рајн Некар Левен.

Во Втората Бундес лига шампион е Кобург и овој тим ќе оди еден ранг погоре заедно со вториот Тусем Есен, што значи дека бројот на клубови од 18 во следната сезона се зголемува на 20.

Нема испаѓање од Бундес лигата, па клубот на Мартин Томовски, Лудвигсхафен, кој беше последен на табелата, се спаси и догодина ќе биде дел од елитата.