Кој пее, зло не мисли – Маркусен со песна ја отвори унгарската авантура (ВИДЕО)

Екипата на Веспрем се засили на повеќе позиции во пресрет на новата сезона, а еден од новите играчи е Николај Маркусен.

Данецот пристигна во Веспрем од Силкеборг каде што настапуваше изминатите пет сезони и ќе биде замена на левата бековска позиција за Мачковшек кој си замина од клубот.

На традиционалнате церемонија во Веспрем за претставување на новите играчи Николај Макрусен имаше интересен музички настап.

Во видеото во продолжение можете да ја погледнете музичката изведба на Маркусен од познатата група „Бекстрит бојс“.