Запознајте го „бразилскиот Лука Циндриќ“

По Рожерио Мораес Фереира и Хозе де Толедо, Педро Пачеко стана трет Бразилец кој досега играл во СЕХА лигата. Пачеко е играч на Татран Прешов кој на полусезоната се пресели во Словачка

21-годишниот среден бек за официјалниот сајт на СЕХА лигата сподели какво е чувствува да се работи со еден од најдобрите средни бекови на своето време Славко Голужа.

Тој по начинот на игра потсетува на некогашниот член на Вардар и Металург, а веќе од медиумите и доби таков прекар – бразилскиот Лука Циндриќ.

„Ми се допаѓа начинот на кој игра Лука Циндриќ. Во иднина се гледам себе си како прв избор за плејмејкер во репрезентацијата на Бразил. Се надевам дека ќе станам еден од најдобрите играчи со помош на настапите во европските клубови. Секој тренинг го гледам како одлична шанса да се развивам како играч. Навистина правам се од себе за да ги запомнам сите совети што ми ги дава тренерот Голужа“, рече Пачеко.

Пачеко беше член на младинската репрезентација на Бразил која минатата година настапуваше на Светското првенство и беше најдобар играч на својот тим. Се смета дека тоје е најголемиот талент во неговата генерација во Бразил.