Која е девојката што го „избрка“ Толедо од Вардар (ФОТО)

Десниот бек Жозе Толедо, иако имаше договор на уште една сезона, доби раскин и веќе си замина од европскиот шампион Вардар.

Тој во следните три години ќе ги брани боите на романскиот клуб Баја Маре, а главен „виновник“ за овој трансфер е неговата девојка Лариса Араухо.

Веројатно љубовта му е многу поважна на Толедо, отколку можноста да игра во Лигата на шампионите за Вардар.

Која е Лариса Араухо?

Станува збор за бразилска репрезентативка, кој има 28 години, која последните четири сезони игра на европскиот континент.

Беше дел од унгарскиот ЕРД, потоа играше две години за романската Магура Чиснадие, а последната сезона ја мина во Клуж. Таа потпиша за Баја Маре, а во машкиот колектив, кој дури и за романско ниво е просечен, ќе игра Толедо.

Таков случај имаше и во минатото кога Камила Херем играше за женскиот тим, а нејзиниот сопруг Стефан Стегавик беше дел од машкиот клуб.