Костов повторно најдобар, нова победа за Аеродром

Иако требаше да биде дерби дуел, сепак, тимот на Аеродром убедливо го совлада Младост Богданци со 40:32 (21:16) во натпревар од 7. коло од прволигашкиот плеј-оф.

Аеродром со новите освоени бодови засега останува на 2. позиција на табела, сега има 34, односно три бода повеќе од Драчево, кој има натпревар помалку.

Тимот од Богданци останува на 3. позиција, која што носи бараж за македонската елита.

На денешниот дуел во Автокоманда најефикасен беше поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Наум Костов.

Членот на Аеродром постигна десет погодоци во мрежата на гостите, втор стрелец во победничката екипа беше Андреј Петрески со седум погодоци.

Кај Младост Богданци се истакнаа Ѓорѓе Атанасов и Антонио Николоски со по седум реализации.