Костески со добра партија дебитираше за Холабрун

Десното крило Никола Костески го имаше своето деби за новиот клуб во Австрија, Холабрун, во кој се пресели по настапите за Линц.

Во премиерното коло од Втората лига, Холабрун дома загуби од Фунфхаус со 28-29, а Костески даде четири погодоци.

Вториот македонски интернационалец во Холабрун, кој втора сезоа игра за овој тим, Влатко Митков, беше стрелец на пет гола.

Во следното коло Холабрун ќе му гостува на составот на Грац и ќе ја бара шансата за прв триумф во новата сезона.