Костески: Многуте технички грешки се причина за поразот

Еурофарм Пелистер со пораз од данскиот тим Архус со 30-27 ја стартуваше новата сезона во Лигата на Европа.

Десното крило на битолчани, Ненад Костески, вели дека многуте технички грешки се причина за поразот.

„Луѓето во Битола живеат за ракометот, знаеме како е да се игра тука. Се соочивме со ривал кој стекна голема предност поради нашите технички грешки. Тоа е главната причина што го загубивме натпреварот“, изјави Костески.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Агуаш Санташ следниот вторник од 20:45 часот.