Костески и Крстевски постигнаа 11 голови, Линц загуби кај Алпла Хард

Тимот на Линц, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Горан Крстевски, загуби на гостувањето кај Алпла Хард со 30-25 во натпревар од 13. коло во австрискиот шампионат.

Стандардно, најефикасен на теренот беше десното крило Костески со седум постигнати голови, додека средниот бек Крстевски, четири пати го погоди голот на противникот.

По 13 одиграни кола, Линц освои осум бодови и се наоѓа на 9. место на табелата, но разликата со петтоо мест, последно кое води во плеј-оф е само шест бодови.

Во следното коло, Линц со Костески и Крстевски ќе има нова шанса за освојување бодови, бидејќи ќе игра дома со последнопласираниот Барнбах.