Корона повторно во Еурофарм Пелистер 2 – дваjца позитивни ракометари!

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се соочува со нови проблеми со коронавирусот откако еден ракометар се пожали на симптоми, а после тестирањето доби позитивни резултати.

Играчот е веќе надвор од тренажниот процес и е изолиран, а немал контакт со своите колеги од петокот минатата недела.

Покрај овој позитивен наод има и уште еден ракометар кој во текот на вчерашниот ден доби позитивен резултат.

Другите играчи на Еурофарм Пелистер 2 продолжуваат со тренинзите според предвиденото така што нема пауза. Инаку, во петокот Еурофарм Пелистер 2 играше против првата екипа, а на оваа средба настапил и ракометарот кој сега е позитивен на Ковид 19.

После оваа вест сите ракометари на Еурофарм Пелистер веќе направија тестирање и се очекуваат резултатите. Инаку, првиот тим во во вторник нема да игра во Лигата на Европа бидејќи дуелот против Татабања е одложен.