Коронавирусот прави проблеми во романската Крајова

Нов случај на коронавирус има во женскиот клупски ракомет во Романија. По една ракометарка на Глорија Бистрица, сега позитивна е ракометарка на тимот на Крајова.

Станува збор за Адриана Такалие Крациун, поранешната 31-годишна репрезентативка на Романија.

„Немам симптоми, немам температура, но се покажа дека мојот тест беше позитивен на коронавирус“, вели Такалие за романските медиуми.

Таа пред осум сезони ја освои титулата во Лигата на шампионите со тимот на Будуќност, а настапуваше и за францускиот Флери Луар.