Коронавирусот одредува, колку публика ќе има на трибините на германскиот Супер куп

Натпреварот со кој треба да биде означен почеток на сезоната во Бундес лигата меѓу тимовите на Кил и Флензбург е закажан за 26 септември од 20:30 часот, а тоа ќе биде дуел од Супер купот на Германија.

Оваа средба ќе се игра во ИСС Дом во Диселфорф, а на трибините нема да биде исполнет капацитетот. Во зависност од мерките кои ќе бидат во овој период за коронавирусот ќе биде одреден и бројот на гледачите кои ќе може да се најдат на трибините.

Според информациите планот е на трибините да се најдат од 2.000 до 6.000 гледачи, а останува да се види какви ќе бидат условите односно колку од капацитетот во салата ќе биде исполнет.

Она што е сигурно е дека средбата ќе се одигра на 26 септември со почеток во 20:30 часот.