Валчеа и ЧСМ Букурешт добија силен ривал – Баја Маре донесе 11 засилувања!

Тимот на Баја Маре се чини дека ќе се врати во врвот на романскиот ракомет, откако пред неколку години беше пред распад. Таму играа ракометарки од типот на Камила Херем, Барбара Аренхарт, Елена Ѓорѓиевска, Алисон Пино, Луис Абинг…и во сезоната 2014/2015 стигна до четвртфиналето на ЛШ, но беше елиминиран од Будуќност.

Потоа следуваше финансиска криза, но тимот застана на здрави нозе, лани беше трет во силното првенство, а сега се најавува дека ќе конкурира за највисок пласман. Во тимот доаѓаат дури 11 ракометарки. Двете засилувања од тимот на Корона Брашов – Кристина Ласло и Елиза Бучеши, кои беа казнети поради допинг, ако не им се намали казната ќе за играат во втората полусезона.

Доаѓа и левото крило Ана Марија Танасие, потоа Ангела Чиока, девојката на Жозе Толедо – Лариса Араухо, Јована Ковачевиќ од Шиофок, десниот бек од ЕРД – Јелена Лавко, како и одличното десно крило од Јапонија – Асука Фуџита, која играше за Борусија Дортмунд во послендата сезона.

Најголеми засилувања би требало да бидат трите шведски репрезентативки – голманката Филипа Иден, левиот бек Микаела Масинг и пикерот Лин Блом, која беше дел од идеалниот тим на последното Светско првенство во Јапонија. ЧСМ Букурешт и Валчеа се уште се посилни тимови на хартија, но на терен сигурно ќе имаат проблеми со ваквиот тим на Баја Маре, а романското првенство догодина ќе биде едно од најсилните женски во Европа.