КОНЕЧНО: Утре се потпишува договорот – Пелистер и Еурофарм Работник стануваат еден клуб!

Екипите на Пелистер и на Еурофарм Работник утре ќе го официјализираат долго најавуваното фузирање, па од утре Битола ќе има еден клуб. Потпишувањето на соработката ќе се случи во 9 часот.

Според најавите ќе има и втор тим така што практично нема да се менуваат многу работите освен што во иднина ќе се работи за еден клуб од двата кои се натпреваруваат во Супер лигата во последните неколку години.

Од она што го објавуваат од bitolanews.mk јасно е дека Еурофарм ќе има 75 проценти од клубот, додека другите 25% од акциите ќе бидат кај општина Битола. Клубот ќе го има грбот на Пелистер и ќе ја има историјата на овој клуб од Битола, а дресовите би требало да бидат сино-бели, дресови со кои Пелистер ги имаше најголемите успеси во минатото.

Засега е познато и тоа дека буџетот би требало да биде 60 милиони денари.