Комплетен распоред за Суперлига – еве ги сите двојки и термини (ФОТО)

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на редните броеви за одредување на редоследот на натпреварите во Супер Машка Лига  за натпреварувачка сезона 2021/2022.

За разлика од лани кога се играше во две групи, сега се враќа стариот систем и ќе играат 12 екипи, кои потоа по шест ќе се поделат во плеј-оф и плеј-аут на пролет.

Претходно ќе има 22 кола во регуларниот дел, како и плус уште по десет во разигрувањето за титулата и за опстанок.

До крајот на годинава ќе има 17 кола, плус елиминациите или првото коло од Купот, а до крајот на февруари би требало да бидат одиграни уште петте кола од регуларниот дел.