„Колку сме, толку сме дојдовме да ве бодриме, да победите…“ (ФОТО)

Вардар по пауза од еден месец повторно ќе настапи во Лигата на шампионите. Вечерниот термин во четврток носи голем противник и дуел меѓу два европски шампиона Вардар и Фленсбург.

Корона реалноста ги диктира правилата на игра и ако некогаш во Јане Сандански одекнуваа свирежи за противникот и мотивирачка песна, овојпат „црвено-црните“ ќе  се потпрат на своите ракометни вештини и тимскиот дух.

Но ЕХФ дозволи мал број навивачи или поддржувачи на клубот да бидат присутни на трибините во Скопје. Па така ветер во грбот вардарци ќе добијат од стотина спонзори и среќници кои дојдоа до можност да бидат на овој натпревар.

Освен ВИП трибината, публика ќе има и во блоковите 6 и 4, по протокол на строго обележани места.

Вардарци често потенцираат дека за натпреварите во Лигата на шампионите не е потребна дополнителна мотивација, но противниците знаат дека не е сеедно да се истрча пред публиката во „Јане“, па макар била мала и составена од дипломати и бизнисмени…

Билети за овој натпревар немаше во слободна продажба…