Колку заработуваат Лекиќ, Цвијиќ, Морк, Кликовац…во ЧСМ Букурешт? (ФОТО)

Раководството на романскиот шампион ЧСМ Букурешт, во текот на вчерашниот ден ја исплати платата на ракометарките за месец декември, и со тоа за момент се спаси од тотален распад.

Ако не се случеше тоа во последниот ден од рокот, сите ракометарки ќе беа слободни да си бараат нови средини. Романскиот „Про Спорт“ откри дека месечниот буџет на ЧСМ Букурешт изнесува околу 170.000 евра за плати на ракометарките, стручниот штаб и вработените во клубот.

За да нема исто сценарио и следниот месец, раководството на ЧСМ Букурешт треба најдоцна до 26 април, да ја исплати платата за месец јануари.

За разлика од Македонија, каде што клубовите и играчите ги кријат платите и износите во договорите како змија нозете, во Романија тоа е јавно познато. Најплатена ракометарка е Кристина Неагу со 17.500 евра месечна плата, додека втора е Нора Мерк со 14.000 евра, а на трето место е поранешната вардарка Андреа Лекиќ со 11.000 евра, кој во Скопје заработуваше многу повеќе.