Колкави се платите во Кил – колку заработуваат „зебрите“ Ландин, Дувњак, Зарабец…(ФОТО)

Откако пред некое време беа објавени платите за последните десетина години во Веспрем и Барселона, на ред дојде тимот на Кил.

Според информациите на You Tube каналот „Handball TV“, најплатен играч во тимот на „зебрите“ е голманот Никлас Ландин, со мечена плата од 40.000 евра.

Втор на листата е Домагој Дувњак, кој заработува 32.800 евра, додека несудениот вардарец Миха Зарабец има плата од 28.750 евра.

Во ТОП 15 најплатени играчи во германскиот тим во последните десет години се Јиха, кој сега е тренер, Тофт Хансен, Вајнхолд, Пекелер, Винцек…