Колбахер награден за одличните игри во Рајн Некар

Репрезентативниот пикер на Германија и играч на Рајн Некар Левен, Јаник Колбахер доби продолжување на договорот со сегашниот тим на уште две години како награда за одличните партии што ги прикажува.

Колбахер имаше договор до 2021 година со Рајн Некар, но раководството одлучи да му понуди продолжување до 2023 година како би го задржале играчот на подолг рок. Продолжувањето на договорот на 24 годишниот играч го коментираше спортскиот директор на клубот Оливер Рогиш.

„Јаник е еден од најдобрите играчи во Бундес лигата според мене и тој продолжува да напредува. Горди сме што ракометар на толку високо ниво останува во нашиот тим уште долго време“, рече Рогиш.

Оваа сезоона Колбахер има постигнато 47 гола на 10 натпревари во Бундес лигата и е прва опција на линијата за шест во нападот на тимот.