Кокшаров ќе експериментира: Шишкарев ќе игра како десен бек на ЕП

Селекцијата на Русија со една победа над Полска и два порази од Португалија и Шпанија, го заврши настапот на пријателскиот турнир во Торевелага.

„Зборнаја“ ќе биде дел од групата Е што се игра во шведскиот Малме, заедно со Данска, Унгарија и Исланд, а селекторот Едуард Кокшаров ќе има само класичен десен бек по повредата на Кисељов, а тоа ќе биде Александар Котов.

Сепак тој подготвува  тактичко изненадување за ривалите и едно од трите десни крила, ќе игра на бековската позиција.

„До заминувањето од Шпанија во Шведска ќе имаме уште четири тренинзи. Ќе пробаме да тренирам како десен бек. Во принцип навикнат сум да играм на бековска позиција. Мислам во критичен момент, можам да помогнам, за да имаме повеќе решенија. Но немојте од мене да очекувате дека јас ќе имам силни удари како Санталов и Шкуринскиј“, изјави Шишкарев за „Брз Центар“.