Кокс 11 пат го освои трофејот во Купот на Финска

Тимот на Рихимаки Кокс го освои трофејот во Купот на Финска, откако во интересно финале славеше против големиот ривал БК-46.

Кокс оствари триумф над БК-46 со 32-28, но натпреварот беше неизвесен во првиот дел кога беше 14-14.

Ова е 11 трофеј за Рихимаки Кокс во Купот на Финска, и ја прекина серијата од три трофеи по ред на БК-46.

Најдобри стрелци во победата на Кокс беа Французинот Едсон Имаре и Полјакот Павел Дуда со по десет голови.