Кои се можните ривали на Македонија во баражот – Русија, Романија, Унгарија…

Со двете победи на квалификацискиот турнир над Исланд и Литванија, женската репрезентација на Македонија обезбеди место во баражот за Светското првенство во Шпанија кон крајот на годинава.

Избраничките на Симе Симовски имаат за играње уште еден меч со Грција, но резултатот од тој дуел нема да смени многу, бидејќи прво и второпласираниот обезбедуваат бараж.

Македонија ќе го дознае ривалот на ждрепката во понеделник, а на листата на можни противници има многу силни селекции.

Тука се Русија, Унгарија, Романија, Црна Гора, Шведска, Германија, а како подобри варијанти за нас би биле Словенија, Србија, Полска или Чешка. Бараж двомечот ќе се игра на 16 или 17 април, како и на 20, односно 21 април.