Сезоната во суперлигашката конкуренција заврши со титула за Вардар, а вицешампионско место за Еурофарм Пелистер. Со оглед на тоа што овие два тима не играа во регуларниот дел, немаат ниту еден ракометар во ТОП 10 стрелците.
Прв на листата со 204 постигнати гола е сега веќе поранешниот лев бек на Работнички, Тоше Ончев. Овој учинок на 23 одиграни средби му донесе трансфер во словенечкиот Тримо Требње.
Второто место е за искусниот Ивица Илиев, кој во последната сезона за Радовиш успеа да постигне 182 гола, додека третото место е за уште еден искусен ракометар – Реваз Чантурија, кој беше вистински предводник на Прилеп и успеа да даде 166 погодоци.
Интересно е што меѓу ТОП 10 стрелците во елитната конкуренција нема ниту еден играч што настапува на пивотменската позиција.