Кога ќе се спојат убавото и корисното – ем тренинзи, ем уживање на плажа покрај море (ФОТО)

Женската репрезентација на Русија ја очекува голем предизвик на Олимписките игри во Токио. Русинките ќе ја бранат освоената олимписката титула од 2016 година.

Своите подготовки, репрезентативките на Русија ги одработуваат во Сочи. За време на подготовките, претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев им забрани на сите ракометарки користење на мобилни телефони за време на тренинзи, состаноци и оброци.

Ракометарките по напорните тренинзи имаа слободен ден, а времето го искористија за неколку активности.

Една од активностите беше и посета на неколку плажи покрај Сочи, но и крстарење по Црно Море. Телефоните конечно им беа при рака, па така ракометарките објавуваа фотографии на социјалните мрежи.