Кога не ти оди со пасошите: Исповед на Русинката од Вардар која остана без својата патна исправа

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Русинката Олга Фомина за сајтот handballfast.com сподели некои интересни настани кои се случиле додека беше дел од Вардар.

Интересно е што двете случки се поврзани со пасоши и се случиле во 2015 година. Првата е кога Фомина го изгубила пасошот на своја колешка додека втората е кога нејзиното куче и го искинало нејзиниот пасош.

Фомина и колешките биле на мини подготовки во Орлеан во Франција. За викендот сите излегле во град, а таа и уште неколку ракометарки заминале во луна паркот. Градот ги воодушевил со убавините, но на плоштадот имало рингишпил за коњи на кои седнале да се повозат. Паричкикот со пари, документи и пасошот на Драгана Петковска, Фомина го оставила на соседното седиште и го заборавила. Кога се вратиле да го побараат го немало, мислеле дека ги загубиле докумените, паричникот ги очекувал на рецепција во хотелот. Нејзините документи и парите ги немало, но пасошот на Петковска бил тука. Фомина го наградила пронаоѓачот со 50 евра, а го пронашол хотелот каде што се сместени по визит картата во паричникот.

Втората случка е со нејзиниот најдобар пријател откако се преселила во Македонија, а тоа е кучето Каспер. На почетокот кога пристингала Фомина го вдомила кучето кое најчесто ја следело додека џогира на кејот. Каспер им бил голем непријател на гумените работи, што и да видел распарчувал. Невозможно било да се остави далечински управувач за ТВ или топка. Еден ден кога Фомина заминала на тренинг нејзиниот пасош бил на масата во гумена обвивка, кога се вратила од тренинг веќе пасошот бил на парчиња.

Сето тоа се случувало во пресрет на сезоната со меѓународни натпревари и патувања. Сепак, Фомина со помош на руската амбасада во Скопје извадила нов документ