Кога нема туширање во соблекувална, може ноќно капење во море! (ВИДЕО)

Според протоколите за играње на ракометните натпревари во време на пандемија, забрането е туширање на ракометарите во соблекувална по натпреварите.

Ракометарите на Веспрем по триумфот над Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата, најдоа начин како да „истушираат“.

Веднаш по натпреварот заминаа на ноќно капење во Јадранското море и се пошегуваа „Кога нема туширање во соблекувална, тука е морето во Задар“.

Веспрем е ривал на Вардар во финалето од СЕХА лига.