Кога нема ракомет, мора да се наоѓа друга занимација – Кавтичник ќе води онлајн шоу!

Словенечкиот репрезентативец Вид Кавтичник од почетокот на ноември започнува со нов проект, односно ќе биде домаќин на онлајн емисија. Името на емисијата ќе гласи „Еден на еден со Вид“.

На секои 14 дена Кавтичник ќе подготвува емисија и подкаст во кои гости ќе бидат многу познати спортисти. Емисијата ќе се емитува на неколку Фејсбук профили меѓу кои се профилот на ракометната федерација на Словенија и Олимпискиот комитет на Словенија.

Веб емисијата ќе биде емитувана во скратена верзија, додека целосната верзија на разговорот на Кавтичник со неговите гости ќе биде достапна во подкастот. Подкастот ќе биде целосна и нецензурирана верзија во кој ќе бидат прикажани сите детали од разговорите.

Најпрво планот на организаторите беше емисијата да оди еднаш месечно, но моменталната ситуација предизвика барем до крајот на годината емисијата да оди двапати месечно. Првиот термин е 2 ноевмри, а планирани се емисии на 16 и 30 ноември и 14 и 28 декември.