Клубот на Филип Талески пред распад!

Како одминуваат деновите во кризниот период се појавуваат сè повеќе клубови кои се загрижени за својата иднина. Уште еден бундеслигаш стравува за својот опстанок, а тоа е Балинген на Филип Талески.

Волфганг Стробел, извршен директор на Балинген, ги подготви навивачите на клубот за најлошо сценарио.

„Откажување на натпревари значи дека ние го немаме приходот потребен за опстанок. Се работи за нашето постоење! Се соочуваме со многу предизвици, а семејството Балинген мора да се држи заедно. Се надевам дека нашиот тим и тренерите ќе придонесат за надминување на кризата со коронавирус“, изјави Штробел за sport1.de.

Според овие зборови на директорот на клубот може да се забележи дека тој очекува тренерите и ракометарите да се откажат од своите примања во корист на клубот. Сè уште нема конечна одлука но најверојатно тоа ќе бие главната мерка за справување со кризата во Балинген.