Клубовите во Бундес лигата ќе гласаат за крај на сезоната – Kил нов шампион?

Иако се чинеше дека натпреварувањето во Бундес лигата ќе продолжи и сезоната ќе биде завршена на терен, се чини дека од ова нема да има ништо односно натпреварувањето ќе биде прекинато.

Се очекува клубовите да бидат тие кои ќе одлучат што ќе се случи со сезоната односно тие да гласаат дали натпреварите да се доиграат или сезоната да заврши со што би се прогласил новиот првак.

Ако сезоната се скрати сите најави водат кон тоа дека нов шампион ќе биде тимот на Кил.

Од „Билд“ велат дека клубовите од Првата и Втората Бундес лига ќе гласаат за нивната желба да продолжат или да прекинат. За да се донесе одлука потребни се 75% од клубовите да гласаат што значи дека треба да има гласови од 27 од 36 екипи кои се дел од двете лиги.

Ова се очекува да биде познато до крајот на оваа седмица така што неделава би требало да се знае што и како ќе се случува со Бундес лигата односно со натпреварите во двете најсилни лиги во Германија.

Сите работи водат кон тоа лигата да биде прекината, а Кил да биде новиот шампион. Воедно во следната сезона се очекува во Бундес лигата да се натпреваруваат 20 место 18 екипи, кои играа сезонава.