Кичево славеше над Јехона во пријателски натпревар

Прволигашките екипи на Кичево и Јехона одиграа уште еден пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

На првиот во Гостивар, составот на Јехона славеше убедливо, но на вториот во Кичево домашниот тим ја однесе победата, 30-27.

Најдобри стрелци во Кичево беа Смилески со седум, Стојчески со шест и Љакоски со пет гола, а голманот Михајлоски, кој е и тренер на екипата, собра 13 интервенции.

Кичево ќе игра во плеј-аутот од Првата лига, додека Јехона ќе се бори за суперлигашки бараж во пролетниот дел од сезоната.