Кичево победнички низ Велес, го потврди местото во плеј-оф

Тимот на Кичево славеше на гостувањето кај Бисинов во Велес со 33-21 и го потврди местото во прволигашкиот плеј-оф.

Велешани водеа со 5-4, а потоа гостите ја преземаа контролата на теренот и со серија од шест гола поведоа со 10-5. Тоа беше клучен момент на мечот и оттогаш до крајот не ја испуштаа предност.

Првото полувреме заврши со водство на Кичево од 14-11, а во вториот дел избраниците на Владимир Сарџоски само ја зголемаа разликата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Смилески со девет гола, а по шест постигнаа Сарашов, Шипинкоски и Стефаноски. Кај Бисинов се истакна Ристовски со пет погодоци.

Кичево сега има 22 бода на четвртото место на табелата во групата А, додека Бисинов останува последен.