Кичево и Јехона постигнаа 84 погодоци на пријателски натпревар

Прволигашките екипи во очекување на стартот на првенството за десетина, ги играат последните пријателски натпревари.

Тимовите на Кичево и Јехона одиграа натпревар во салата „Јанчица“, на кој паднаа дури 84 погодоци, 45-39.

На полувремето домашниот тим водеше со четири гола разлика, 21-17. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Шиклевски со десет погодоци.

Кичево ќе биде дел од групата Б заедно со Аеродром, Текстилец, Алкалоид, Голден Арт, Јуниор КВ, Металург РА, Македонија ЃП, Астраион и Куманово.

Јехона ќе игра во групата А со екипите на Работнички, Драчево, Младост Богданци, Преспа, Вардар Неготино, Шампион, Партизан Гевгелија и Борец Велес.

Првата лига ќе стартува на 18/19 септември.