Киселев даде 12 гола, Зенит одигра реми со Мешков Брест

Во рамки од првото коло од дивизијата „Исток“ во регионалната СЕХА лига, најголемо возбудување имаше на дуелот меѓу Мешков Брест и Зенит, натпревар кој заврши без победник 32:32.

Екипата на Зенит, која во новата сезона има амбиции да дојде до титулата во домашниот шампионат, беше предводена од екс ракометарот на Вардар, Дмитри Киселев.

Десниот бек беше нерешлива енигма за белорускиот шампион и натпреварот го заврши со 12 погодоци од 15 обиди. Кај Мешков Брест најефикасен беше Александар Шукрински со седум реализации.

Зенит во следното коло на свој терен ќе ја пречека ЦСКА Москва, додека Мешков Брест силите ќе ги одмери со Гомел.

На останатите дуели победа остварија екипите на ЦСКА Москва и Машека, додека дуелот меѓу Виктор Ставропол и СКА Минск заврши без победник, 30:30.

Група А
ЦСКА Москва – Гомел 30:26 (14:14)
Мешков Брест – Зенит 32:32 (17:15)
Пермски Медведи – слободен

Група Б
Ајст Китаја – Машека 25:32 (13:15)
СКА Минск – Виктор 30:30 (16:15)
Чеховски Медведи – слободен