Кире го наполни голот на Шамбери, Нант обезбеди четврт-финале

Екипата на Нант го одигра натпреварот од осминафиналето од Купот на Франција против Шамбери и се избори за победа од 27:24 така што Кире Лазаров и колегите си обезбедија место меѓу најдобрите осум тимови.

Лазаров имаше одличен ден. Тој беше предводник на Нант во оваа победа. Со седум погодоци беше и најефикасниот ракометар на теренот така што покажа многу во овој дуел.

Добрата форма на Лазаров помогна Нант да се избори за победа, па останува да се види кој ќе биде следниот противник за да се знае како ќе течат работите во следниот период.

Во четврт-финалето имаше место и за ПСЖ, Монпелје, Екс, Данкерк, Шартр, Иври и Кретеј.