Кипријановска и Авенуа го срушија фаворитот Сен Аман – обезбедија трета рунда во францускиот Куп

Тимот на Ле Самбр Авенуа каде што настапува македонската репрезентативка Јована Кипријановска, направи мало изненадување во Купот на Франција.

Второлигашот го сруши на свој терен тимот од Првата лига, Сен Аман и славеше со четири гола разлика, 29-25, откако и на полувремето имаше предност од три гола, 14-11.

Десниот бек на македонската репрезентација на овој натпревар постигна два гола, а своја улога одигра и во одбраната.

Ле Самбр Авенуа следната недела ќе го дознае ривалот во третото коло од Купот на Франција.