Кил и некомплетен освојува трофеи

Екипата на Кил после поразот од Нант во Лигата на шампионите успеа да стигне до трофеј на домашна сцена, а на мечот од Супер купот славеше со 28:24 против тимот на Флензбург.

Кил беше во постојана предност против Флензбург и во ниту еден момент не дозволи противникот да успее да дојде до резултат со кој ќе може да се закани. Имаше возбудувања и тесен резултат, но не и доволно простор за да може да се дојде до нешто повеќе.

Оттаму после 14:13 на крајот од првото полувреме, уште извесен период резултатот беше неизвесен, а потоа следуваше зголемување на интензитетот од тимот на Кил. „Зебрите“ тргнаа посилно и не смееја да си дозволат да се случи истото што се случи на дуелот против Нант.

Со далеку посигурна игра се влезе во финишот со убава предност за на крајот да се дојде до победа со 28:24.