Кил ги чува талентите, му даде нов договор на Свен Ериг

Младиот ракометар во редовите на Кил, Свен Ериг, кој има 19 години доби нов договор и ќе биде дел од „зебрите“ и во следните две години.

Се работи за талентиран ракометар, кој се очекуваше да ја продолжи соработката со шампионот на Германија. Настапува на позицијата десно крило и е еден најперспективните на своја возраст.

„Сакаме да го видиме Свен во главниот тим. Треба да му помогнеме да го намали притисокот во играта. На тренинзите се гледа дека е одличен ракометар и со своето залагање и работа тој го заслужи местото во првиот тим“, вели спортскиот директор на Кил, Виктор Шилаги.

Инаку, Кил во своите редови има ракометари кои имаат договор на уште една година така што раководството ќе има уште многу работа во претстојниот период.