Кил следното лето може да остане без пола тим, на осум играчи им завршуваат договорите

Екипата на Кил веќе го има формирано тимот за следната сезона, а според информациите не се очекува да има поголеми турбуленции во следниот период, па најверојатно составот е веќе целосно дефиниран за новата сезона.

Дури на осум играчи договорот им завршува следното лето. Оттаму овие осум играчи, а ко не прифатат нов договор на крајот од следната сезона ќе можат да се преселат во нова средина.

На оваа листа се Никлас Ландин, Никлас Екберг, Лукас Нилсон, Павел Хорак, Миха Зарабец, Харалд Рајнкинд, Патрик Винцек и Хендрик Пекелер. Покрај нив договорот во јуни 2021 година му завршува и на тренерот Филип Јиха.

Сигурни за до 2023 година се само Сандер Сагосен и Магнус Ландин.

Во секој случај раководството на Кил го очекува доста работа бидејќи ако не сака да ги загуби ракометарите ќе мора набрзо да почне со продолжување на договорите.