Кил без грешка во Запорожје, му избега три бода на Вардар

Ракометарите на Кил остварија нова победа во Лигата на шампионите и ја пролжија низата победи. Триумфот над Мотор Запорожје од 30:27 на гостински терен беше петти по ред после ремито во првото коло против Келце.

Покрај победата, овој натпервар за Кил беше доста тежок. После водството на Мотор во првите десетина минути, Кил возврати со добар период и стигна до три предност. Гостите водството го задржаа до крајот на привот дел. На полувреме Кил беше во предност 15:13.

Избраниците на Филип Јиха подобро влегоа во вториот дел, ја зголемија негативата и сè до самиот финиш ја одржуваа. Мотор успеа во 55. минута да стигне до гол негатива кога намалија на 25:26. Но Кил не дозволи целосен пресврт, одигра рутински во последните минути и оствари нова победа за зацврстување на врвот на табелата.

Јанима и Сорока со по пет гола беа предводници на составот на Мотор Запорожје. Во составот на Кил најефикасен беше Рајнкинд со седум погодоци, а Винчек, Дамке, Рамел и Нилсон постигнаа по четири.