Келце ќе има нов млад играч, но не е ниту Додиќ ниту Јагањац

Претседателот на Келце, Бертус Сервас објави информација дека во следните денови за клубот ќе потпише млад ракометар кој доаѓа од Јужна Европа, но во исто време демантираше дека тоа ќе биде играч кој има настапувано во редовите на Металург.

Со трансфер во Келце беа поврзани и Стефан Додиќ и Халил Јагањац, но ниту едниот ниту другиот не се на списокот на Келце за трансфер во моментов така што станува збор за друг ракометар.

Засега нема конкретна информација за кој играч станува збор. Познато е самодека доаѓа од Јужна Европа и дека треба да потпише до крајот на оваа недела. Воедно се знае дека тој ќе биде играч чиј договор ќе почне да важи од летото во 2023 година.

Во Келце доаѓа и младиот Швеѓанец од Редбергслид, Елиот Стелман, но тој е договорен за од 2024 година. Сепак, Сервас се обидува да го ангажира следното лето и во моментов има преговори и за него.

Тимот ќе претрпи измени, а следното лето во клубот доаѓаа Сташ Скубе, Недим ремили и Беноа Конко.