Келце не запира, претседателот најави ново засилување: Имаме договор со играчот!

Како што стојат работите тимот на Келце наскоро може да добие ново засилување.

Името на ракометарот не е објавено, но според најавите тоа ќе биде млад и преспективен играч. Полските медиуми претпоставуваат дека станува збор за Пјотр Јендрашик кој доби повик во репрезентацијата за натпреварите со Данска и Египет.

Дека Келце е блиску до ново засилување потврди и првиот човек на клубот Бертус Сервас.

„Нашето ново потенцијално засилување е одличен играч. Мило ми е што изрази желба да ни се придружи, трансферот би требало да се случи. Но, ние имаме свои финансиски можности кои не смееме да ги надминеме. Неговиот сегашен тим сигурно ќе се бори да го задржи, меѓутоа мислам дека дека имаме договор со играчот пред да се договориме со неговиот клуб“, изјави Сервас.