Келце мака мачи со финансии, но ракометарите ќе возат BMW X3 (ФОТО)

Екипата на Келце во последно време е редовно во центарот на вниманието, а главната причина е во тоа што остана без спонзорот кој беше дел од тимот во последните години.

Сепак, додека има проблеми со финансиите ракометарите си добија клучеви од нови возила кои ќе ги управуваат во следната сезона. Сите добија BMW X3, а секое од возилата е со натпис односно со бројот и името на ракометарот.

Денеска им беа врачени клучевите, па Игор Карачиќ, Алекс Душебаев и колегите може да се пофалат со нови возила.