Кевин Њокас: Мораме да бидеме подисциплинирани

Вардар го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите откако загуби на гостувањето кај Алборг со 33:29.

Еден од најефикасните во тимот на Вардар беше Кевин Њокас кој натпреварот го заврши со седум гола и после мечот имаше свое видување за изданието.

„Честитики на тимот на Алборг, ова беше многу добар натпревар во одлична атмсфера. За жал многу брзо имавме шест гола негатива, се обидовме да се бориме но знаеме дека тимот е доста нов и мораме да бидеме подисциплинирани според планот на тренерот. Сигурно е дека ќе бидеме подобри“, рече Кевин Њокас.

Вардар после одиграни пет гола има учинок од две победи, два порази и едеа нерешена пред дуелот со Кил.