Кањелас доби нови патики и се крена како Феникс (ФОТО)

Репрезентативецот на Шпанија, Жоан Кањелас го одигра својот најдобар натпревар на првенството во полуфиналето против Данска кога заедно со Де Варгас и Абељо беше клучниот играч во победата за пласман во трето финале по ред на Европските првенства.

Кањелас имаше неверојатно второ полувреме што беше секако посебно забележано бидејќи тој имаше тешко првенство, а мина и неколку дена во изолација поради позитивен тест на Ковид 19. За време на деновите додека беше во изолација доби и посебно дизајнирани патики со моменти од „Феникс“ така што и тој самиот успеа да се издигне како феникс и да допринесе за големата победа.

„Додека бев во изолација стигнаа патиките. Тие исто така преставуваат како се чувствував. Имав паднато психолошки додека бев во изолација поради короната, но успеав да се кренам и да му помогнам на тимот. Зато овие патики се посенни. Тие се неверојатни кога ќе ги видите сите детали. Како Феникс успеав да се издигнам на теренот. Мојот пријател направи неверојатна работа. Затоа се така посебни за мене и особено ми значат“, вели Кањелас.

Финалето се игра денеска од 18 часот, а Шпанија одново има шанси да дојде до златото на ЕП.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Cañellas (@joancanellas21)