Катар стана шампион на Азија, но нема да игра во Токио

Репрезентацијата на Катар го доби финалето против Јужна Кореја на шампионатот на Азија, но оваа победа не значи дека Катар ќе може да игра и на Олимписките игри.

Катар славеше убедливо со 33:21, но поради тоа што немаше добри игри во квалификациите кои беа организирани порано нема место ниту на игрите ниту во квалификациските групи. Оттаму ова е само титула на шампионатот за Катарците.

Бахреин кој ќе игра на Олимпијадата, пак, загуби во мечот за 3. место од Јапонија со 26:27 така што остана без медал на ова натпреварување.

ШАМПИОНАТ НА АЗИЈА

ФИНАЛЕ

ЈУЖНА КОРЕЈА – КАТАР               21:33 (11:14)

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

ЈАПОНИЈА – БАХРЕИН  27:26 (14:15)